Адријана заплака на отворањето на Олимписките игри (ФОТО)


Во Бразил синоќа започнаа Олимписките игри, а самото отворање го обележа и шетањето на кралицата на модните писти – Жизел Бундшен (36). Бразилскиот топ-модел, со звуците на легендарната песна „Девојката од Ипанема“, прошета по стотина метри долгата писта во текот на спектакуларното отворање на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.36EB5B2700000578-3726383-Long_legged_lovely_The_36_year_old_supermodel_flashed_a_wide_smi-a-60_1470442940060

– Ова е најдолгата писта по која некогаш сум чекорела, и ме гледаа најмногу луѓе, па бев нервозна – рекла убавата Бразилка која ја имаше честа да учествува на отворањето на 31-те Олимписки игри во Рио.

На стадионот Маракана атмосферата доживеа кулминација кога се појави една од бразилските најголеми ѕвезди. Супермоделката прошета по долгата писта во светкава фустан со висок прорез кој ги истакнуваше нејзините долги нозе.

Освен Жизел, уште една славна Бразилка учествуваше во свеченото отворање на ОИ во Рио.

Ангелот на „Викторијас сикрет“, Адријана Лима (35) го носеше олимпискиот факел, поради што ја понесоа емоциите и заплака.Adriana-Lima-3-800 tumblr_obfzpyLDa71s06avho1_540

– Бразилците се многу страсни спортисти, спортот ни тече во вените. Толку сме горди што сме домаќини на овој настан. Ова ми беше сон, се расплакав од силните емоции – рекла емотивната Адријана.

Уште два Бразилки имаа чест да бидат учеснички во свечениот настан, светските топ-модели Алесандра Амбросио и Изабел Гуларт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1