Адвокатите во потрага по тајните деца на Дејвид Боуви


Неверојатно барање се појави во британските медиуми. Адвокатите на семејството на Дејвид Боуви се во потрага по тајните деца на починатиот музичар, за да наследат дел од 80 милиони фунти, на колку што се проценува неговото богатство.

Славниот пејач никогаш не криел дека водел промискуитетен живот, затоа не чуди барањето на адвокатите.david-bowie

Британски „Сан“ објави неверојатна вест – адвокатите на Дејвид Боуви тргнаа во потрага по тајните деца на музичарот. Адвокатскиот тим замолил во име на семејството да им се јават сите што макар и се сомневаат дека легендарниот пејач би можел да им биде татко.

Боуви никогаш не криел дека водел промискуитетен живот, а во 70-тите и 80-тите години од минатиот век листата на жени што ги однел во кревет нема крај. Токму порди тоа постои сомнение дека би можел да има уште деца, освен две официјални – 16-годишна Александрија Захра Џонс, која ја доби во бракот со Иман, како и 45-годишниот син Данкан Џонс, кого го доби во првиот брак со Енџи.

Сите што и малку се сомневаат дека би можеле да бидат деца на Боуви, треба да се јават најдоцна до 4 мај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1