Адвокатот на Груевски, Димитар Дангов за ТВ21 рече дека нема сознание каде се наоѓа неговиот клиент. Тој не сакаше да даде изјава, но писмено ни одговори дека Груевски нема право на жалба до Врховен суд за одлуката од Кривичен. Сепак, додаде дека ќе се искористат сите останати правни можности.
Никола Груевски требаше доброволно да се јави во затворот во Шутка за одлежување на казната затвор од 2 години, според случајот на СЈО, “ТЕНК“. Судските служби во текот на денешниот ден се обидоа да му ја достават одлуката на Кривичниот Совет, каде се одбива барање против одлуката на судијата за извршување санкции за одложување на казната.