АЕК донира милион евра за изградба на Панорамското тркало


За изградбата на Панорамското тркало во центарот на градот од Агенцијата за електронски комуникации ќе бидат донирани еден милион евра   

panorama

АЕК ќе му донира точно 61,5 милион денари на Јавното сообраќајно претпријатие за реализација на реквизитниот објект што треба да се издигне помеѓу Камени мост и мостот „Гоце Делчев“. Според договорот, изградбата треба да заврши за пет години, а во неа ќе се наоѓаат кафетерија, ресторан и продавница за сувенири.

Височината на Панорамското тркало треба да биде 73 метри со дијаметар од 57 метри, а ќе содржи 30 кабини во форма на гондоли. Вкупната вредност на проектот изнесува 18,3 милиони евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1