Аеродром, Ново Лисиче и Центар утре без вода – поради дефект


90718_voda-iz-cesme_fРегионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација, ги известува граѓаните дека утре поради дефект на  шибер од Ф – 400 мм во пумпна станица Припор, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на дефектот без вода ќе останат корисниците од високата зона во населбата Аеродром и Ново Лисиче.

Прекин во водоснабдувањето ќе има и во дел од општина Центар, на бул. Гоце Делчев кај црквата Свети Димитрија, без водоснабдување од 09:00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат објектите на црквата Свети Димитрија, Комерцијална Банка, Министерството за Транспорт и Врски и хотелот Стоун Бриџ во скопски Центар

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1