Агентот 007 замина во легендите


На 90-годишна возраст почина актерот Шон Конери, објави Би-би-си.

Шкотскиот актер беше најпознат по улогите на Џејмс Бонд, и токму тој, според многумина, најдобро го отелотвори најпознатиот филмски шпион.

Конери е роден на 25 август 1930 година во Англија. Тој глумеше во седум филмови на Џејмс Бонд и е избран за „најдобриот Џејмс Бонд во историјата“.

Но, покрај Бонд, тој има направено и голем број филмски класици како „Лов на црвениот октомври“, „Индијана Џонс“, „Последната крстоносна војна“ и многу други.

Работел различни работи и учестувал на натпревари во бодибилдинг пред да го направи своето деби во Лондон во хоророт на Јужен Пацифик (1951). По неколку мали улоги, настапил како Џејмс Бонд во филмската верзија на Доктор Но на Ијан Флеминг (1962) и го играл тајниот агент 007 во шест други филмови (Од Русија со љубов, Goldfinger, Thunderball, Се живее само двапати, Дијамантите се вечни и Never Say Never Again). Одличен, карактерен глумец, како и повеќегодишен секс-симбол, играл во филмови како The Man Who Would Be King (1975), Името на розата (1986), Недопирливите (1987, Оскар), Индијана Џонс и крстоносните војни (1989) и The Russia House (1990).

Во својата долга кариера има освоено еден Оскар, две Бафта награди и три Златни глобуси.

Кралицата Елизабета Втора го прогласи за витез 2000 година. Во август годинава го прослави 90 роденден.

Шон се ожени двапати, прв пат со Дајан Силент, со кого го има синот Џејсон, кој исто така е актер, а неговата втора сопруга е Мишел Рокенбурн, со која во 2003 година се преселија на Бахамите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1