Агенција за Храна: Новиот правилник за ГМО бил во согласност со Европските закони


Агенцијата за храна и ветеринарство ги демантира наводите на партијата Демократка обнова на Македонија – ДОМ, изнесени на денешната прес-конференција, дека со Правилникот за условите и постапката за издавање одобрение за ставање во промет на ГМO храна за животни, кој неодамна го донесе Агенцијата, од 1 октомври широко ќе се отвори вратата за влез на генетски модифицирани организми во Репубвлика Македонија преку увоз на ГМО добиточна храна.

makedonija gmo111– Досега, до Агенцијата за храна и ветеринарство не е доставено ниту едно барање, ниту е издадено одобрение за ставање во промет на ГМО храна, ниту за луѓе, ниту за животни, односно, во Република Македонија нема ГМО храна – стои во денешната реакција од Агенцијата.

Овој подзаконски акт, за кој ДОМ предлага да се стави во мирување за да се преиспитаат сите елементи што тој ги содржи, се подвлекува, е комплетно усогласен со европската легислатива која ја регулира оваа област. Со него се дефинираат условите и постапката за издавање на одобрение увоз и за ставање во промет на добиточна храна која содржи ГМО, за што истото задолжително мора да се базира на научни докази дека истата нема да има штетни последици ниту за животните, ниту за човекот, ниту за човековата околина.

– Со донесувањето на овој акт, се изврши детално уредување на оваа материја, со цел елиминирање на опасноста од формирање на таканаречена сива зона и појава на евентуални манипулации со ставањето во промет на ГМО храната за животни – појаснува Агенцијата.

Како одговорна институција која се грижи за безбедноста на храната за луѓето и за животните, се посочува, Агенцијата за храна и ветеринарство ја поддржува секоја јавна дебата на оваа тема која има за цел обезбедување на поголема безбедност при производство, увозот и трговијата со храна за луѓето и за добитокот, вклучително и на онаа која содржи ГМО, а со тоа за нивното здравје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1