Агенцијата за медиуми ја започна проверката за медиумска концентрација помеѓу тв24 и Телекабел


Во следните 45 дена Агенцијата за медиуми ќе испитува дали постои недозволена медиумска концентрација кај ТВ 24 вести и Телекабел. Откако на вчерашната седница Советот на Агенцијата одлучи да поведе постапка, во следните денови ќе се обезбедува неопходната документација. Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вели дека ТВ 24 веќе еднаш побарале промена на сопственичката структура.

„На крајот на минатата година од истиот овој радиодифузер имавме барање за промена на сопственичката страктура, но Советот одлучи дека со таквото барање, ако се дозволи промена на сопственичката структура ќе се создаде недозволена медиумска концентрација, токму во смисла на член 36 од законот и го одби ваквото барање. ТВ 24 Вести незадоволни од одлуката на Советот поведоа постапка пред Управниот суд кој треба да се изјасни дали одлуката на Советот е според закон. Ставот на Советот, мој личен став и ставот на Агенцијата е дека таа одлука е 100% во согласност со законот и очекуваме иста одлука да донесе и Управниот суд“, вели Зоран Трајчевски директор на АВМУ.

На вечрашната седница Советот одлучи да поведе постапка и врз основа на изјава од сопственикот на Телекабел која создава дополнителен сомнеж.

Тројца членови на Советот на АВМУ гласаа возрджано бидејќи ова е второ барање за одземање на дозволата на оваа телевизија. Оснатите членови сметаат дека Советот мора да ги испита дали се точни наводите за нелегална концентација на медиумскиот пазар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1