Ахмети дава исказ пред Специјалното обвинителство за воени злосторства


Лидерот на ДУИ Али Ахмети сведочи во Хашкото обвинителство за воени злосторства. Распитот кој почнал утринава се изведува во Приштина, а инфомрацијата ја потврди секретарот на ДУИ, Артан Груби. Според најавите, предвидено е Ахмети да сведочи и утре.

Од специјалното обвинителство не откриваат дали поранешниот припадник на ОВК е повикан како сведок или обвинет.

Пред изборите Ахемти откри дека е повикан да сведочи како дел од раководството на ослободителната војска на Косово. Од неговиот кабинет објасниа дека неговата изјава се бара за истрага која се води против Хашим Тачи.

Според информациите на медиумите, од ноември 2018, специјалното обвинителство за воените злосторства на Косово, испитало 100 лица а поднесени биле и неколку обвиненија кои сега чекаат одобрување од судот.

Рокот за потврдување на обвиненијата истекува во октомври.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1