Ахмети: Дојде време вистината да излезе на виделина


Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово одржа работна средба со амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен.133554231-102405

Двајцата соговорници, како што е наведено во соопштението од ДУИ, разговарале околу постизборната ситуација во Македонија, при што Ахмети се осврнал на ставовите на ДУИ за настаната ситуација.

– Ахмети зборуваше за тенденциозната кампања организирана против него и против ДУИ во последните две години, велејќи дека дојде време вистината да излезе на виделина, за секое обвинување, за секоја клевета, за секоја неизвесност и за секоја дилема, стои во соопштението.

Ахмети, како што се посочува во партиското соопштение, смета дека правдата ќе го каже последниот збор и ќе ги отстани сите тенденциозни, злонамерни сомнежи за неговиот лик и ДУИ.

Тој нагласил дека сите членови на ДУИ, заедно со Претседателството, ќе се воздржат кон предефинираните принципи и ќе работат во насока на зајакнување на земјата и враќање на довербата на граѓаните во институциите, бидејќи, како што се наведува во соопштението, „за нас ова не е борба за власт, но за да се зачува албанската национална вредност и за отстранување на сенката, која што злонамерниците се обидуваат да ја фрлаат врз нас“.

Ахмети ги повикува лидерите на политичките партии да се приклучат кон апелот упатен до полицијата, војската, државната администрација и на сите граѓани да работат прецизно и спокојно, во служба на безбедноста и државната стабилност.

Лидерот на ДУИ ги повикува меѓународните пријатели да не останат индиферентни кон случувањата во Македонија и, како што вели, „да продолжиме заедно да го изградиме општеството како во изминатите 16 години“.

– Ние ќе продолжиме со нашиот придонес за општествена благосостојба и патот кон евро-атланската интеграција, реформите во земјата и заокружување на Охридскиот договор, бидејќи овие столба ја прават земјата посилна, се додава во соопштението од ДУИ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1