Ахмети: И други пратеници вчера сакаа да гласаат „за“, но немаа доволно храброст


Лидерот на ДУИ Али Ахмети им се заблагодари на 80-те пратеници кои вчера гласаа за отпочнување на постапка за уставни измени и воедно ги повика останатите опозициски пратеници кои, според него, синоќа сакале да гласаат „за“, но немале доволно храброст, да им се придружат во понатамошната постапка.

Тие 80 пратеници што гласаа за, но и тие кои што се воздржаа од гласање, знаат многу добро дека само овој пат ни носи стабилен мир, добри меѓуетнички и добрососедски односи, системски реформи, правна држава и владеење на правото, еднаквост и заокружување на Охридскиот Договор, економски развој, повеќе работни места, странски и домашни инвестиции и општествена благосостојба – рече Ахмети.

Тој ја повика опозицијата да се построи на, како што рече, исправната страна на прогресот и евроатланската определба без задоцнување и понатамошни калкулации.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1