Ахмети и Заев разговарале за распределба на ресорите


Претседателот на ДУИ денеска на работна средба во седиштето на ДУИ во Тетово, го пречека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, соопшти СДСМ.

Ахмети и Заев разговараа околу форматот на процесот на формирање на новата реформска влада на Македонија и предностите на новото мнозинството во земјата.

„Лидерите на двете партии се согласија околу принципите за владеење со што, ги повторија приоритетите на новото мнозинство кои опфаќаат сериозни реформи во владеењето на правото во согласност со препораките на меѓународната заедница, интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ, Охридскиот Договор и добрите меѓуетнички односи како и отворање на нови работни места и економскиот развој заедно со развојот на животниот стандард. Една од предностите на владеењето ќе биде непосредна интеграција во НАТО и започнувањето на преговорите за членство во ЕУ со што, страните се согласија за сериозен ангажман кон постигнување на оваа заедничка цел“, сопшти ДУИ.

Партијата на Ахмети информира дека по принципиелното усогласување на програмата, двајцата коалициски партнери разговарале и околу распределбата на ресорите и се согласиле дека новиот владин кабинет има потреба за одговорни и квалификувани кадри за продолжување на овие многу значајни процеси за земјата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1