Ахмети: Надпартискиот кандидат за премиер е Насер Зибери


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој ја започна изборната кампања за Предвремените Парламентарни Избори кои ќе се одржат на 15 јули, на промотивната Конвенција во Преспа го обелодени голгоочекуваното име за прв премиер Албанец во Македонија, поранешниот пратеник и потпретседател на Влада и ко-создавач на Охридскиот Рамковен Договор.

“По интензивните консултации со цивилното општество, академската заедница, експерти и создавачи на јавното мислење, но и пријатели, стигнавме до унифицираното и заслужно име за првиот Албанец кој ќе се натпреварува за кршење на последната едно-етничка рамка во Северна Македонија, кој ги поседува сите квалитети за да раководи со извршната власт во земјата во насока на потполната рамноправност„ истакна Ахмети. Кандидатот за премиер, Насер Зибери во неговиот говор со убедување истакна дека е дојдено време за потполна рамноправност. “

Ме изненади повикот на г.Али Ахмети со неговата покана за средба во неговата канцеларија. Ме запозна дека имал консултации со многу почитувани луѓе на цивилното и академското општество и дека моето име беше помеѓу предложените како надпартиски кандидат. Искрено се иненадив, и нормално се чуствував ценет. За да бидам потполно искрен, си мислев во себе дека ова нема да го промени само мојот живот, но истотака е многу голема одговорност. Одлука која воопшто не е лесна, а кратко време за одлучување. Но, челикот се кали во оган и една личност се цени за одлуките кои ги зазема за општественото добро наспроти личниот комодитет, и затоа реков ДА„ истакна Насер Зибери.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1