Ахмети, Османи и Бајрами сведочат за „Монструм“


Ахмети пред судот кажа дека за петкратното убиство кај Смилковското езеро дознал следниот ден од медумите. Како лидер на партија бил загрижен дека по настанот ситуацијата може да ескалира, а за случајот разговарал со високи претставници од САД и Европската унија.

Тој во изјава за медиумите кажа дека не може да суди дали обвинетите се виновни или не, но за неговата политичка партија вели дека ја платила највисоката цена.

„Побаравме повторување на овој процес, повторно судење затоа што судовите и обвинителството беа многу чувствителни, ранливи и целата јавност беше во необјаснета ситуација, вклучително и семејствата кои ги загубија своите во овој трагичен настан, вклучувајќи ги и тие што беа осудени. И ние инсистиравме ова судење да се повтори со докази со меѓународно мониторирање . Ние очекуваме судските власти да го разрешат и расветлат случајот. Ние како политичка партија плативме висока цена, сите нè обвинуваа дека сме поврзани со случајот, нема никој друг кој повеќе од нас сака да се расветли овој случај затоа што политичката цена ја плаќаме ние“

Вицепремиерот Османи во своето сведочење рече дека само еднаш се сретнал со семејството на Хаки Азири, кој беше заштитен сведок, а сега е обвинет во постапката. Кажа дека семејството побарало од него да им каже каде е нивниот син.

На прашање на обвинителот дали имал средба со Хаки Азири, Османи рече дека по неговото интервју наредниот ден го изненадила изјава на родителите на Азири дека тој ја знаел информацијата каде е нивниот син. Овие изјави на телевизиите, Османи го погодиле и преку роднини на осомичениот успеал да обезбеди средба со неговото семејство по која тие ја повлекле изјавата и работите станале појасни дека тој само информирал за партиските состаноци во врска со случајот.

По него денеска сведочеше и обвинителот Џелал Бајрами како тогашен заменик министер за внатрешни работи, во времето кога министерка за внатрешни работи беше Гордана Јанкулоска. Во одговор на едно од прашањата поставени од обвинителката Фатиме Фетаи, рече дека не се согласувал со изјавата на министерката Јанкулоска, која тогаш изјавила дека ги имаат сторителите на убиството, што според него, погрешила и не било договорено тоа да се каже, туку дека само истрагата е во тек и има осомничени лица.

Судењето продолжува на 27 февруари, за кога се повикани сведоците Сашо Мијалков, Синиша Алексовски, Блерим Беџети, Муса Џафери и Зоран Трајковски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1