Ахмети повикан на разговор во СЈО за случајот „Космос“


Лидерот на владејачката Демократска унија за интеграции, Али Ахмети во четврток е повикан да сведочи во Специјалното јавно обвинителство, потврдуваат за Макфакс од Обвинителството.ahmeti

Тој бил повикан во својство на сведок за предистражна постапка која се води пред Специјалното обвинителство, но од Обвинителството не соопштуваат други детали, за кој случај е повикан Ахмети со оглед на тајноста на предистражната постапка.

Порталот Нова јави дека Ахмети треба да сведочи за случајот „Космос“, односно урива на станбениот објект на бизнисменот Фиат Цаноски за кого имаше сомневања дека е политичка пресметка на власта со него.

Гласот на Ахмети можеше да се слушне во повеќе разговори што ги објави опозицијата, за повеќе случаи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1