Ахмети: Во секое семејство да има барем по еден вработен


Демократската унија на албанците (ДУИ) денеска во Скопје ја промовираше изборната програма која, како што најави лидерот на партијата Али Ахмети, содржи мерки за наредните четири години односно од 2016 до 2020 година.

– Програмата е изготвена и има одговорност, сигурен сум и верувам дека ние можеме да ја оствариме и затоа на веб страната на ДУИ дадовме можност да се предложат сугестии за она што не сме го постигнале. Од ова програма не добиваат само Албанците туку сите граѓани во Македонија – рече Ахмети.ahmeti_664262149

Во програма, рече тој, е собрана енергијата на интелектуалците и експертирте кои што се докажани со својата работа.

Во наредните четири години ниту едно албанско семејство да не остане без еден вработен, е една од целите на економскиот дел од програмата, порача шефот на изборниот штаб на ДУИ Беким Незири. Според него, во изминатите години благодарение на политиките на ДУИ отвориле три слободни економски зони во Тетово Кичево и Струга во кои донеле три компании меѓу кои во Тетово „Леар“, американската компанија „КСС“ во Кичево, и компанијата која започнала со 800 враборени во Охрид, а сега отвора капацитет за 1.500 вработени во Струга.

Носителот на кандидатската листа во Изборната единица 1 Артан Груби порача дека ДУИ ќе ги спроведе сите препораки од Европската Комисија.

Џеват Адеми истакна дека приоритет на ДУИ во наредните четири години ќе биде двојазичноста, односно службена употреба на албанскиот јазик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1