Ахмети за Божиќ посака повеќе разбирање


Божиќ нека ни донесе поголема толеранција и меѓусебно почитување и разбирање, но и повеќе спокој и благодет за нашата земја, вели во честитката Претседателот на владејчката ДУИ, Али Ахмети.

ahmetiПочитувани верници од православна исповест,

дозволете ми, во име на сите членови и поддржувачи на Демократската Унија за Интеграција и во мое лично име, да ви го честитам големиот православен празник Божиќ, и да ви посакам многу здравје и радост во вашите ценети семејства.

Божиќ, повеќе од било кој друг Христијански празник, ги собира семејствата заедно на една трпеза и претставува празник кој го слави семејството, животот и вербата во Бога. Денес, посебно ми е драго што покрај традиционалното обраќање до членовите на Македонската православна заедница, имам можност да им се обратам и на православните Албанци во Република Македонија со честитка за овој голем празник. Bерските празници секогаш не обединуваале при што ни овозможуваат да ги истакнеме најдобрите човечки вредности кај сите нас.

Почитувани пријатели,

Божиќ нека ни донесе поголема толеранција и меѓусебно почитување и разбирање, но и повеќе спокој и благодет за нашата земја

(Интегрален текст од честитката за Божик на Претседателот на ДУИ, Али Ахмети)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1