Ахмети: Заврши соработката со Села


Лидерот на ДУИ Али Ахмети, вечерва во емисијата „Клик Плус на 21ТВ објасни зошто се скарал со Зијадин Села.

Ахмети рече дека Села го навредил во моментот кога го нарекол иницијатор за неговото физичко елиминирање на 27 април во Собрание.

Според Ахмети, соработката со Села завршила уште пред 3 недели, кога прифатил средба со него, но тој не се појавил.

Ахмети нагласи дека е разочаран од тоа што Села го нарекол иницијатор на вооружениот инцидент во „Диво Насеље“ во Куманово.

Лидерот на ДУИ рече дека никогаш нема да излезе на ТВ дебата со сегашните лидери на албанските партии бидејќи тие него постојано го навредувале и напаѓале.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1