„Ајде да гледаме Евровизија заедно“ на плоштадот „Јадран“


Во пресрет на 61. издание на Евровизија што се одржува во Стокхолм, Амбасадата на Шведска во Македонија организира гледање на финалната вечер.eurosong evrovizija

Настанот „Ајде да гледаме Евровизија заедно“ е под годинашното евровизиско мото „Да се обединиме“ и ќе се одржи в сабота, под отворено небо на плоштадот „Јадран“, пред Амбасадата со почеток во 20:30 часот.

Слоганот „Да се обединиме“, како што информира Шведската амбасада во Македонија означува славење на она што ги обединува Европејците: силна верба во важноста на креативноста, културата, разновидноста и едноставно заедничката забава.

И настанот на плоштадот „Јадран“, како што се наведува, цели низ заедничка забава да се слави културата, разновидноста и креативноста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1