Аронија или сибирска боровинка – овошје што е многу здраво но прави и добар профит. Цена за килограм е до 15 евра, а литар сок и двојно.
Лесно се одгледува – многу е отпорна, не бара многу грижа. Садници чини околу 3 € и мора да е посадена на повисока надморска височина за да дава најмногу плодови.
Најскапиот дел од производството е берењето.
Поради нејзината висока цена и фактот дека не бара многу труд се повеќе Аронијата се сади и на балканот. Во Босна веќе постојат огромни плантажи, а се шири и во Србија. Се повеќе луѓе ја садат и како жива ограда бидејќи се работи за жбунесто растение кое е многу отпорно и вирее на секакви температури.
Потекнува од источниот дел на Северна Америка односно денешна Канада.
Благодарение на тоа што многу добро поднесува и зима и мраз, температури до минус 47 степени Целзиусови, стасале до Русија и Сибир. Екстремно ниските температури на неа не оставаат никакви последици. Сибирската аронија или лат. Aronia melanocarpa има многу висок процент на полифеноли , витамини Ц, Е, бета- каротин, што ја прави една од најсилните добро познати и тестирани антиоксиданси.
Истражувањата покажаа дека има антиканцерогено дејство, бидејќи во голем процент ги”убива” малигните тумор клетки на мозокот, белите дробови, дебелото црево и црниот дроб. Како извонреден антиоксиданс, аронијата го спречува создавањето на слободните радикали и “нападот” на здравите клетки во телото и крвната плазма, со што го забавува процесот на стареење на организмот и спречувајќи го развојот на хроничните болести.
доволно е да се консумираат околу 200-300 грама на ден. Aронијата ја применувале по несреќата во Чернобил и тоа за намалување на симптомите на пациентите изложени на радијација.
Како одгледува – повеќе на БабинЛек.ком