Ајфелова кула ќе добие стаклен заштитен ѕид


Ајфеловата кула во Париз ќе биде обезбедена со стаклен заштитен ѕид, кој ќе се гради според плановите на австрискиот архитект Дитмар Фајхтингер.

Изградбата треба да започне денеска, а ќе трае половина година. Ѕидот ќе биде висок 2,5 метри, а покрај него се планирани бетонски столбови кои треба да спречат терористички напади со камиони.

Фајхтингер истакна дека ќе се обидат оградувањето на Ајфеловата кула да биде колку е можно подискретно.

– Избравме високо квалитетно, за куршуми непробојно стакло, со дебелина од 70 милиметри, со цел да се остави отворен погледот, објасни австрискиот архитект.

Трошоците за изградбата на ѕидот ќе изнесуваат 20 милиони евра и тие треба да бидат финансирани со зголемување на цената на билетот за влез на Ајфеловата кула, која годишно ја посетуваат околу шест милиони луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1