Ајша Гадафи, ќерката на претседателот Муамер Гадафи, вели дека нејзиниот татко со воодушевување зборувал за Југославија и за целиот регион.
Таа вели дека на многумина им пречело тоа што го кажувал татко ѝ за муслиманите кои ќе ја проголтаат Европа и најавува револуција која ќе ја спаси Либија од пропаст. Ајша е убедена дека ќе дојде ден кога на НАТО ќе му се суди бидејќи ја смета за злосторничка организација.
– Либија веќе не постои, дури ни вештачки. Од општество во кое немаше гладни и невработени дојдовме до анархија. Народот е бесен, но нема околу кого да се обедини. Тоа што го изгубивме со оружје и со пари ќе го повратиме со оружје и со пари. Татко ми имаше план каква треба да биде Африка во 2020 година и тој план беше вреден за Нобелова награда. Наместо тоа, доби сурова смрт и исмејување, вели Ајша.