Ако е ладно, парно ќе се пушти пред 15 октомври


Грејната сезона за домаќинствата кои се топлат на парно, ќе почне навреме, а зависно од временските услови и пред 15 октомври, кога е законскиот рок, тврдат од компаниите снабдувачи со топлинска енергија – БЕГ, ЕЛЕМ енергетика и Топлификација Север кои ги прават последните подготовки за вклучување на системите.parno

Трите снабдувачи со топлинска енергија во Скопје тврдат дека се подготвен за почеток на сезоната.

– Системот и мрежата веќе се подготвени и под притисок. Ги вршиме последните проверки пред да почне грејната сезона, но имаме проблеми со зградите чии Совети на станари не ги платиле сметките за струја и се исклучени од ЕВН. Во овие случаи не можеме да ги активираме пумпите, а корисниците нема да можат да се греат додека не го платат долгот за струја – вели директорот на Топлификација Север,  Игор Поповски.

Според компаниите, грејната сезоната може да почне и порано, ако температурите бидат пониски од законски утврденото.

– Внимателно се следат временските услови и ако три дена последователно температурата во 21 часот изнесува под 12 Целзиусови степени ќе ги вклучиме системите – велат од компаниите.

Во зависност од компанијата која ги грее, сметките на граѓаните од јули се пониски за 0,48 или 5,2 отсто, а годишниот трошок за овој вид греење за стан од 60 квадратни местри се движи од 400 до 700 евра и е распределен на еднакви месечни рати. Со парно се греат 50.000 скопјани

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1