Ако ги објави документите што ги има Сноуден може да ја „уништи“ Америка


Поранешниот шпион на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден поседува огромен број документи чиешто потенцијално објавување би предизвикало голема штета за САД. Ова го тврди американскиот новинар Глен Гринвлад, кој прв ги објави информации на Сноуден за PRISM – операција за следење на електрониските комуникации на милиони луѓе во светот преку серверите на најголемите оператори.

snouden 4„Сноуден располага со толкаво количество информации што нивното објавување би било доволно во една минута да предизвика за САД повеќе штета откако во историјата на оваа земја и`предизвикала која и да е друга личност”, вели Гринвалд, новинарот на The Guardian, кој живее во Бразил.

Тој и натаму е во контакт со Сноуден и вели дека негова цел не е да и наштети на Америка туку само да предупреди на опасностите коишто ги претставуваат „информатичките програми коишто ги користат многу лица низ светот, коишто не знаат на што се изложуваат и своеволно не се откажале од правата на заштита на сопствената приватност”.

Новинарот дури и порача дека доколку нешто му се случи на ова момче тој ќе објави се што знае и ќе ги обелодени сите документи без оглед на последиците.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1