Ако имате пониски примања од 168 илјади денари – бесплатен елаборат за легализација


Новата мерка за бесплатни геодетски елаборати за приматели на социјална и постојана парична помош и лицата со ниски парични примања е дел од еден системски и мултиресорски пристап, со кој континуирано и сеопфатно се подобрува грижата за социјално ранливите категории на граѓани изјавија министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за катастар, Славче Трпески.

stan pari kukja“Со најновата мерка, значително се зголемуваат поволностите и се предвидува целосно ослободување од трошоците во постапката на легализација на дивоградбите, за корисниците на социјална и постојана парична помош како и лицата со ниски бруто примања до 168 илјади годишно, Агенцијата за катастар да изготвува бесплатно геодетски елаборати за легализација на бесправно изградени објекти” рече Спасов

Граѓаните приматели на социјална ипостојана парична помош ќе треба да обезбедат потврда од Центрите за социјална работа, а граѓаните со ниски примања до 168.000 денари годишно ќе треба да обезбедат потврда од управата за јавни приходи и потоа ќе можат во подрачните одделенија на Агенцијата за Катастар на недвижности да поднесат барања за бесплатен елаборат за легализација.

“Главниот ефект од оваа нова мерка е пред се да бидат опфатени што повеќе лица кои се наоѓаат во потешка материјална состојба. За таа цел се предвидува задолжително водење на регистар од страна на општините за поднесени барања за легализација во електронска форма. На тој начин, министерството ќе има можност да ги потикне сите корисници приматели на социјална и постојана парична помош кои не поднеле барања за бесплатен елаборат за легализација до Агенцијата за катастар на недвижности , тоа да го направат што поскоро” потенцираше Спасов

Тој посочи дека сите оние кои ќе извршат легализација на објектите во кои живеат, нема да го изгубат правото на социјална и постојана парична помош. Очекувана бројка на лица кои ќе ја искористат оваа мерка се 34.000 приматели на СПП, односно 5000 приматели на ППП.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1