Ако јадете ГМО храна – може да ни го избрише и генетичкиот код


ГМО е под строг мониторинг во ЕУ, но сепак успева да пробие на пазарот на многу земји, меѓу кои и во Македонија. Ефектите кај луѓето може да бидат алергии, отпорност кон антибиотици, нарушување на ДНК. Според Миладин Шеварлиќ, професор од Белград, веќе во втората генерација кај експерименталните животни се јавуваат проблеми во работата на органите. Во третата генерација доаѓа до појава на тумори, додека во четвртата се јавуваат зголемена смртност и бесплодност, пишува „Нова Македонија“.

GMo-corn-potato-tomatoЗаговор против човештвото, изигрување господ, масовна појава на рак, намалување на плодноста, колапс на еко-системот, зголемена смртност на идните генерации. Ова се само дел од претпоставките и контроверзиите што ги очекуваат граѓаните од користење генетички модифицирана храна (ГМО).
Стравувањата особено пораснаа по најавите дека од октомври животните во државава може да се хранат со генетички модифицирана храна, за што веќе е донесен и нов правилник.

Во него се вели дека храната наменета за животни што содржи ГМО не треба да има негативни влијанија врз здравјето на луѓето, треба да е правилно декларирана, а увозникот или производителот мора да има посебно одобрение од Агенцијата за храна што важи десет години од денот на донесувањето. Фирмата што увезува или преработува ваква храна мора веднаш да ја извести агенцијата ако за одредена храна што се користи кај нас, а е генетички модифицирана, има забрани или ограничувања во ЕУ.

Промена на ДНК

GMO-Orange_FeaturedЕкспертите, пак, се поделени за опасностите од ГМО, иако повеќето се согласуваат дека нема доволно научни сознанија за ефектите од користење на ваквата храна и многу е краток периодот од само петнаесетина години за прецизно да се утврдат последиците од нејзината примена.

– Проблемот е што доаѓа до вкрстување гени од еден вид со гени од растенија и животни од друг вид, а можеби во иднина и со гени од човекот. Во природата такво нешто никогаш не се случува и не знаеме каде може да води сето тоа – велат експертите.

Според проф. д-р Никола Јордановски, чија специјалност е токму исхраната на домашни животни, за луѓето има опасности од користење ГМО, особено за осетливите категории граѓани.

– Има опасност бидејќи се нарушува целокупниот метаболички систем и доаѓа до промена на ДНК-системот кај луѓето. Особено е ризично за помладите и за трудниците, кои може да родат кретени, и затоа е подобро доколку таква храна не се користи – нагласува Јордановски.

Резултатите од француски истражувања во кои глувци биле хранети со генетички модифицирана храна покажувале дека тие многу брзо се разболувале и имале големи здравствени проблеми. Но што всушност претставува ГМО и како се одразува врз луѓето?

Генетички модифицирани организми (ГМО) се сите живи организми што, освен вродената, содржат и ДНК што има потекло од друг организам, што резултира со нови или променети својства кај нив.

Генетичката трансформација се смета за успешна кога има стабилна интеграција на вметнатиот ген од туѓ организам во организмот-домаќин. Таа би требало да се пренесува во наредните генерации, каде што повторно би се јавила експресијата на новиот ген. Ова се прави заради подобрување на својствата на растенијата, односно отпорност кон одредени видови штетници како што се разни видови инсекти, вируси, габи и нематоди.

Подетални информации на следниот линк- Стоп Гмо Македонија 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1