Ако комшијата ја тепа сопругата а не пријавите, ВИЕ ќе платите казна од…


Новодонесениот закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство ќе удри по џебот и на комшиите доколку знаеле, а не пријавиле дека во соседството има насилник кој по дома тепа и малтретира. За да избегнат казна од 2,5 илјади евра, ќе мора увото да го залепат на комшиската врата. Оној кој што знае а не го пријавува семејното насилство, сноси одговорност, оти секој мора да знае како да го препознае и да реагира-велат од труд и социјала. Со новиот закон, жртвите на семејно насилство повеќе немат да се дистанциираат од најбиските, домот ќе го напушти насилникот.nasilstvo - tepanje

„Тоа е новина до сега жртвата ја тргавме од домот меѓутоа сега сторителот на семејно насилство, судот носи забрана за приближување до домот и да телефонира да се приближува до училиптата до работното место. Посебна глава е посветена на семејсното насилство врз децата,она што до сега беше занемарено“, објасни Ибрахим Ибраими, заменик министер за труд и социјала.
Иако воочувајќи ги досегашните случаи, востановено е дека голем е бројот на деца кои што се жртви на семејно насилство, статистиките говорат дека секоја 4-та македонка е жртва на семејно насилство. Точна бројка нема, бидејќи во минатото жртвите се плашеле да пријавуваат насилство.
„Ако во 96- та година некој да те удри било знак на љубов под наводници, тоа во 2000-та почнува да се препознава дека е нешто што нити едно суштество не треба да го трпи“, додаде Афертита Имери, претставник од македонското женско лоби.
Од труд и социјала признаваат дека во изминативе години имало пропусти во работењето на центрите за социјална работа, но со новиот закон секоја институција ќе мора да реагира во рок од 24 часа, спречувајќи го семејното насилство.
„Многу е битно да се зголеми мрежата на социјални работници на терен“, побара Лилјана Попоска, претседател на комисија за еднакви можности на мажите и жените.
Законот е добра основа за јакнење на свеста кај граѓаните да го пријавуваат семејното насилство, беше речено на денешната регионална конференција во Струга, на која за прв пат беше презентиран законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1