Резултатие од истражувањето се објавени во магазинот „PLOS ONE“ и покажуваат дека 39 отсто од луѓето кои паднале на тестот за мирис, починале во рок од пет години
Имате повеќе од 50 години? Се послабо е вашето сетило за мирис? Според најновото истражување спроведено од Универзитетот во Чикаго, се работи за тоа дека ви останува уште кратко време од животот.
Резултатие од истражувањето се објавени во магазинот „PLOS ONE“ и покажуваат дека 39 отсто од луѓето кои паднале на тестот за мирис, починале во рок од пет години.
Во истиот период починале и 19 отсто кои само малку имале оштетувања на сетилото за мирис и само 10 отсто од оние кои имале целосно здраво сетило за мирис.
– Губењето на мирисот е доказ дека нешто во организмот не е како што треба, па дошло до негово оштетување, вели водичот на истражувањето Џајант М. Пинто.
(Телеграф.мк)