Ако не стане градоначалник, Таравари ќе замине од политиката


Министерот за здравство Арбен Таравари ќе ја жртвува министерската позиција за партијата. Тој за Нова ТВ потврди дека Алијансата на Албанците морала да понуди кандидат за градоначалник бидејќи не успеале да се договорат со помалите партии, а како најсоодветен за градоначалник на Гостивар, партијата проценила дека е токму Таравари.

Заради тоа Таравари ќе се повлече од функцијата министер за здравство, но Алијансата ќе бара да го задржи ресорот здравство и ќе инсистира на првата седница по локалните избори да се назначи нов министер од истата партија. Доколку не го добие градоначалничкото место во Гостивар, Таравари најавува дека ќе се збогува со политиката.

– Нема друг член од нашата партија кој би го кандидирале за градоначалник. Се надевавме дека ќе имаме договор со некоја од помалите партии, но не успеваме да се договориме. Доколку не го добиеме градоначалничкото место, ќе се збогувам со политиката и ќе останам да работам како лекар, а ќе имам повеќе време за семејството – изјави Таравари.

Тој објасни дека до локалните избори ќе ја извршува функцијата министер за здравство, ќе доаѓа секое утро во Министерството, а работните обврски ќе ги подели со заменик министерот и со државниот секретар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1