Општина Аеродром, во соработка со надлежните служби од МВР и пајак службата на ЈП „Градски паркинг“ во понеделник ќе почне акција за подигнување нерегистрирани хаварисани моторни возила на целата урбана територија.
Подигнатите возила ќе се носат на паркингот на ЈП „Градски паркинг“, од каде што сопствениците можат да ги подигнат своите возила.
Паркингот на Секторот „Пајак служба“, каде се чуваат подигнатите возила, се наоѓа спроти Народна банка на Република Македонија.
Оваа акција се презема пред сè за да се зголеми еколошката свест кај граѓаните и да се подигне урбаното живеење на повисоко ниво.