Ако не ви ги вратат парите, тужете


Топлификација“ сѐ уште не им ги вратила средствата што им ги должи на граѓаните односно на некогашните нејзини корисници. При преземањето на должноста за затоплување на скопјани од новата компанија, „Топлификација“ вети дека ќе ги врати средствата што ги уплатиле корисниците што со порамнувањето е утврдено дека платиле повеќе отколку што требало, пишува Нова Македонија.

tel smetka– Неколку пати бевме во канцелариите на „Топлификација“ и оставивме наша трансакциска сметка за да ни ги вратат средствата. Не станува збор за голема сума, но се работи за принципи. Сакаме средствата што ни ги зеле предвреме да ни ги вратат, но искрено не верувам дека ќе си ги добиеме доколку не ја тужиме компанијата. Некои комшии нѐ посоветуваа дека само со тужба можеме да си ги добиеме средствата назад – вели еден повозрасен граѓанин од скопската населба Црниче.

Од Организацијата за заштита на потрошувачи ги советуваат граѓаните да се обидат уште еднаш или двапати да си ги повратат средствата од „Топлификација“, ако не успее тоа, да поднесат тужба.

– Доколку граѓаните не можат да ги повратат средствата, тогаш како во која било друга ситуација кога има долг што не може да се наплати, па и во оваа граѓаните треба да си ги бараат средствата по судски пат – вели Маријана Лончар Велкова од Организацијата за заштита на потрошувачите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1