Ако не ви плаќале придонеси ќе може сами да си ги платите – изгласан законот


Републичкото Собрание во рамки на 53 седница, ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој се овозможува откуп на стаж.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов информира дека со законот се воспоставува можност за осигуреникот кој бил во работен однос, но не му е платен придонес за пензиско и инвалидско осигурување за период до 31 декември 2008, сам за себе да изврши плаќање на придонесот и со тоа да оствари право од пензиското и инвалидското осигурување.broenje denari pari mk

– Ќе им помогнеме на голем број граѓани кои најчесто во периодот на транзицијата, или поради затворање на компаниите поради стечај и ликвидација, не само што го изгубија работното место, туку и не им беа платени дел од придонеите за пензиско и инвалидско осигурување за периодот во којшто работеле, рече Спасов, потенцирајќи дека има огромен број лица кои се соочуваат со ваков проблем.

Се воведува, појасни, доброволна мерка во период од една година за сите кои сакаат да поднесат барање до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за сите кои работеле во компании кои повеќе не постојат во Централниот регистар да поднесат барање за да можат да го платат стажот по повластена стапка од 50 проценти од основицата за пресметка и плаќање на придонесот. Месечно тоа би чинело околу 2.800 денари. Ќе можат на некој начин да си го откупат стажот и да им влезе во основицата за пресметка на пензија во иднина, наведе Спасов.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласосока оцени дека станува збор за позитивен закон кој ќе помогне на голем број граѓани и оти има околу 20.000 граѓани на кои им недостигаат неколку месеци, па и повеќе години работен стаж.

– Искрено се надевам дека ќе бидат заинтересирани да ја искористат оваа мерка. Имајќи ја предвид финансиската состојба на овие граѓани се дава можност плаќањето да се изврши на 12 месечни рати, а основицата за наплата да биде 50 проценти од просечната плата што се исплаќала во државата во годината пред поднесување барање за плаќање на придонесот, рече Ласоска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1