Партиски извори од Мала Речица за Дневник велат дека ако не се одржат изборите на 5 јуни, тогаш тоа би значело дефинитивно поништување на Договорот од Пржино.
Во таква ситуација истите извори велат дека во ДУИ се подготвени да се вратат во владата на ВМРО-ДПМНЕ со услов да се спаси Специјалното јавно обвинителство и Државната изборна комисија.
Од ДУИ како што јавува Дневник, најавуваат во текот на оваа недела да излезат со конечен став за нивното учество на изборите.
Согласно Роковникот на ДИК, партиите во текот на утрешниот ден ќе треба да ги пријават своите членови на избирачките одбори. Тоа е првиот чекор кој на некој начин ќе даде каков таков одговор на прашањето, дали партијата ќе учествува на изборите. Последниот ќе биде поднесувањето на кандидатските листи кое според роковникот треба да биде најдоцна до 11 мај.