„Ако падне Дамаск, следен е Балканот – почнува проектот за Голема Албанија


Универзитетскиот професор по безбедност на Бањалчкиот Колеџ, Предраг Чераниќ, смета дека Западниот Балкан е следната дестинација на конфликти, доколку Исламската Држава успее да го заземе Дамаск и да ги оствари своите цели. Проектот Голема Албанија и ИСИЛ, според Чераниќ се зваемно врзани садови. Тој во интервју за Прес24, потенцира дека Западниот свет нема идеја да го спречи ширењето ан Исламската држава, ту напротив по принципот ан Саудиска Арабија, сака да создаде нова меѓународно призната држава, која потоа ќе ја има под своја контрола.islamisti djihad terorizam

– Ако го заземат Дамаск, а тоа се очекува од силите на исламската држава и се стимулира во тој правец, треба да очекуваме меѓународна конференција за Блискиот исток која за резултат може да има лобирање за меѓународно признавање на Исламската држава. Во тоа ќе предничи Турција и поедини западни држави. На ист начин на кој е создадена Саудиска Арабија, денеска се создава Исламската Држава. Проектирана е како голема сунитска држава која треба да го потисне секое иранско и руско влијание на Блискиот исток и да во политичка и економска смисла да се потполно сврти кон Запад, вели Чераниќ .

Тој потенцира дека во таков случај, новиот фронт на Балканот нема да биде знамето на ИСИЛ, туку под знамето на Гоеема Албанија.ceranic

– Ако Дамаск падне во рацете на Исламската држава, Балканот е следното жариште. Доброволците кои  од балканските држави  пристигнаа на сириските боишта ќе се вратат дома и ќе ја продолжат борбата за истата идеологија. Меѓутоа, веројатно ќе се борат под “друго знаме”, односно ќе делоуваат во име на Ал Каеда, со оглед на плановите за меѓународно признавање на исламската држава. Нивна пориоритетна задача е создавање Голема Албанија која треба во првата фаза да се прошири на сметка на Македонија и Србија, а во втората фаза и на територијата на Грција. Црна Гора ќе остане поштедена бидејќи постигна договор со НАТО на наредниот самит на НАТО да добие покана за членство. Новиот калифат треба да го очекуваме во Задкафказието, каде преку Турција ќе се префрлат ударните групи на Исламската држава, вели Чераниќ, кој потенцира дека кумановската акција на македонската полиција била голем удар врз радикалните структури од регионот. Сепак, предупредува дека есенва се можнио нови конфликти.djihad balkan

– Дестабилизацијата на Западниот Балкан ќе продолжи. Македонските сили за безбедност им нанесоа големи удари на силите на злото во Куманово и ги осуетија плановите на терористите да направат хаос во Скопје, но и во Прешевската долина и на северот на Косово. Креаторите на идејата за Голема Албанија се затечени од одлучноста што македонските безбедносни сили ја покажаа во одбрана на земјата.  Западниот Балкан е полигон за различни екстремисти. Нови терористички напади можеме да очекуваме на есен, но ситуацијата на Балканот ќе се радикализира ако падне Дамаск, вели универзитескиот професор, Предраг Чераниќ.

Тој во ова интервју зборува и за начинот на кој функционира ИСИЛ, како се финансира, но и за неодамнешната видео снимка во која лица од балканот повикуваат на атентати. Според него тоа е снимка стара повеќе од една година, но емитувана сега со политички цели.

Зборувајќи за врската помеѓу “будењето” на радикалниот ислам и “обоените” револуции во арапскиот свет, Чераниќ истакнал дека “обоените” револуции се современ механизам со кој се руши непосакуваната власт, но и државата, кои започнуваат со таканаречени ненасилни протести, а секогаш завршуваат со насилство.

“Што остана од Либија, Сирија, Украина? Гадафи залудно праќаше апели дека се бори против Ал Каеда. Од воздух Либија беше бомбардирана од НАТО, а на копно нападната од Ал Каеда. НАТО ќе ги нападнеше и силите на Башар ал Асад, доколку не се спротивставеа Русите.”

Тој додал и дека за сето тоа постои заеднички интерес меѓу западните земји и радикалните исламски движења, а последица од тоа е рушењето на арапските држави на северот на Африка – Либија, Сирија и Египет, каде по изборната победа на “Муслиманското братство”, бил извршен воен удар.

“Тероризмот е денес во функција на политичките и геополитичките судири”, истакнал Чераниќ, велејќи дека Исламската држава и Голема Албанија се две споени работи, и дека на нивното создавање треба да се гледа во контекст на геополитички одмерување на силите помеѓу САД и ЕУ од една, и Русија и Иран од друга страна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1