Ако сакате да собирате боровинки во шума мора да извадите дозвола и платите 400 ден


Берењето боровинки од утре веќе не е бесплатно. Сите кои сакаат да собираат шумски плодови ќе мораат да побараат дозвола од ЈП “Македонски шуми”, за која ќе платат 400 денари. Сите кои сакаат, можат слободно да собираат боровинки, смрекинки, мечкино грозје, диви јаболки и други шумски производи, но со претходно добиена и платена дозвола.

malini– За да се добие една таква дозвола, мора да се приложи лична карта. Таквата дозвола собирачот на шумски плодови може да ја користи до крајот на годината. Таа важи за сите региони во државата – појаснува Петко Ристовски, шеф на службата за заштита на шумите во кавадаречката подружница на “Македонски шуми” – Бор, која дозволите почна да ги издава од вчера.

Што се однесува до самите откупувачи на шумски плодови, тие мораат да се јават во дирекцијата на „Македонски шуми” во Скопје и таму да се верификуваат како откупни центри, да склучат договор и да можат да вршат откуп на шумски плодови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1