Медицинскиот јаглен апсорбира речиси се што сте примиле во желудникот или цревата.
Неселективно за себе врзува голем број органски и неоргански отрови, дури над 60% од присутните токсини, микроорганизми и лекови. Истовремено сам себе не се ресорбра и не оди во метаболизмот бидејќи заедно со врзаните отрови се исфрла од организмот.
Овој јаглен е сосема безопасен и нема нус појави. Може да го користат и деца.
Активниот јаглен може да се користи при обилни оброци кои го отежнуваат варењето на храната. Меѓутоа бидејќи активниот јаглен врзува речиси се, дури и хранливите материи и витамините на кои ќе наиде, не се препорачува за долготрајна употреба.