Ако сте во природа за празнициве ВНИМАВАЈТЕ – крлежите ве чекаат во трева


На крлежите, објаснуваат биолозите, им годи температура на 15-20 Целзиусови степени. Ги има во тревата. Им годат топлина, влакна и крв, а се хранат со крвта. Затоа и се закачуваат на крзна на животни, на луѓе. понекогаш може да минат дури и денови без да се почуствува нивното присуство под кожата.

priroda izlet krlezКога ќе дојдат до целта, крлежите исфрлуваат течност и со малите клешти ја раскинуваат кожата. Човекот тоа не го чувствува. Течноста што ја исфрлаат спречува згрутчување на крвта, па од местото што го нападнале може да се хранат со крв со недели.

Лекарите велат дека нападнатите од крлеж веднаш треба да се јават на лекар. Објаснуваат и дека прават грешка третирајќи го со масло, гас, лак за нокти…

Има неколку начини на вадење  крлеж ( порано старите ги вртеле спротивно од стрелката на часовникот, други пак ги опивале со алкохол, трети пак им ставале масло за готвење.

Секако најсигурниот метод е на лекар,  освен вадењето таму се дезинфицира местото на убодот и со сигурност се проверува дали случајно има некаква алергиска реакција. Она што треба да се знае е дека после секој престој во природа е потребно  детална проверка на кожата по целото тело, бидејќи како што веќе споменавме, крлежите се како жените знаат да бидат крајно ненаметливи, но затоа пак подоцна ќе ви го искомплицираат животот.Krpelji-te-1

На лекар треба да се јават и лицата кои по една до две недели откако биле каснати од комарци или крлеж, добиле висока температура, треска и осип по телото. Ова се дел од препораките на епидемиолозите за заштита од крлежи.

За да се спречат какви било „конфликти“со инсектите треба да се избегнуваат цветните површини, да се носи посветла облека, да се намали употребата на силни парфеми и детергенти, бидејќи таквите мириси ги привлекуваат инсектите.

Крлежите пренесуваат вирусни и бактериски заболувања. Од вирусните пренесуваат: конго-кримска хеморагична треска, воспаленија на мозокот или мозочните обвивки, омска хеморагична треска. Хеморагичните трески се вирусни заболувања со висок процент на смртност.

Од бактериските пренесуваат лајмска треска, рикециози – марсејска треска, повратна треска, како и туларемија. Лајмската болест, позната и како борелија или борелиоза, се препознава по црвена дамка околу местото на убодот. Дамката градациски се зголемува и има тенденција да станува сѐ поголема. Може да се појави и на други места од телото, не секогаш на местото од убодот. Обично се појавува за 1-4 недели од каснувањето.krlez

Некои пациенти со лајмска болест имаат симптоми на грип: сувост на грлото, главоболки, треска, болки во зглобовите и во мускулите, зголемени лимфни жлезди. Лекарите велат дека околу 15 проценти од пациентите со борелија развиваат невроборелија, кај која симптомите почнуваат со болки во грбот. Рикециозите, пак, предизвикуваат т.н. епидемичен осипен тифус, трески и се сметаат за сериозни заболувања

Како да се заштитите од крлежи

  • Избегнувајте колку што е можно престој во региони и на локации каде што е познато дека има крлежи
  • Носете облека што нема да остава откриени делови од телото
  • Краевите на панталоните вовлечете ги во чорапите, блузите/кошулите со долги ракави закопчајте ги до горе
  • Испрскајте ја облеката со спреј на база на синтетски пиретроид – перметрин
  • Дополнителна заштита ќе ви обезбедат репелентите против крлежи и инсекти што содржат диетилтолуамид (ДЕЕТ), а кои можат да се нанесуваат на гола кожа
  • По можно изложување на крлежи, направете детална проверка на телото и на облеката
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1