Ако те стегне „зорт“ на плоштад можеш само да се молиш – никаде нема јавно WC


Ценарот на градот Скопје сè уште нема јавно веце. Скопјани немаат каде за извршат нужда доколку ги затекне таква потреба, кога се шетаат или пак, минуваат покрај плоштадот „Македонија“, пишува Вест.

wc-2Граѓаните велат дека ги употребуваат тоалетите на кафулињата и на продавниците. Вака скопјани се снаоѓаат со години, пишува „Вест“.

Освен јавното веце под мостот „Гоце Делчев“или во некој мобилен тоалет, нема ниту едно друго пристојно јавно веце.  Од град Скопје, топката ја префрлаат кај општините, кои пак најавуваат дека во иднина ќе се изградат јавни тоалети.

-Јавните вециња се наша обврска, и имаме во план на пролет, да почнеме со нивна изградба, велат за „Вест“ од Општина Центар.

И останатите Општини имаат намера да го решат проблемот со недоволниот број на тоалети бо градот, но нивните планови се за в година.

Повеќе може да прочитате во утрешното печатено или електронско издание на весникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1