Ако умрам, умрам: Познатиот пејач на бендот The Smiths болен од рак


Легендарниот пејач на бендот The Smiths – Морисеј објави во интервјуто за шпанскиот тиражен дневен весник El Mundo откри дека боледува од рак.

Морисеј изминатите две години мораше да откаже повеќе концерти, но во интервјуто првпат признава дека причина за тоа е ракот. На почетокот од 2013 година мораше да и прекине концертните настапи бидејќи му прсна чирот во желудникот, кон средината на истата година имаше воспаление на белите дробови, а ова лето му беше дијагностицирана инфекција на дишните патишта.

morisej
„Веќе четири пати ми го чистеа канцерогеното ткиво, но не мие грижа. Ако умрам, умрам. Ако не, тогаш не. Сега се чувствувам добро. Нема да се загрижувам со тоа, че се одмарам кога ќе умрам“, изјави Морисеј во интервјуто.

„И онака сум во години кога повеќе не би требало да создавам музика… Многу композитори на класична музика умреле со 34 години. А јас сѐ уште сум тука и никој не знае што со мене“, вели 55-годишниот музичар, кој штотуку го завршува својот прв роман, чиешто издавање го планира за следната 2015 година.

Морисеј ова лето го објави својот прв соло албум во последните пет години „World Peace Is None of Your Business“. Во моментов се наоѓа на европска турнеја

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1