Граѓаните кои ќе бидат затекнати да се движат низ шума без соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Македонски шуми“ и од субјектите кои управуваат со заштитените подрчја ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денерска противредност, предупредуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Сè уште е на сила забраната која Министерството ја изрече на 15 јули, а која ќе трае до 15 август за движење во шумите со стопанска намена поради високите температури и поради зголемената опасност од појава на шумски пожари. Одлуката не важи за организирани група на туристи за туристичко разгледување, но ако туристичката тура биде во придружба на шумар.
Од Министерството апелираат до сите граѓани во овој период од годината, а и заради своја безбедност да се воздржат од нанесување на штети на шумата, палење отворен оган во шума, користење на средства – материјали кои се запалливи, а се за лична употреба.