Потребни состојки:
- 1.100 г шлаг
- 700 мл кисела вода
- 300 г мелени пишкоти
- 200 г еурокрем
- 500 г малини
Начин на подготовка:
1. Земете 300 грама шлаг и изматете го со 200 мл кисела вода. Во смесата додадете ги пишкотите. Од тоа ќе ја добиете кората.
2. Потоа изматете уште 300 грама шлаг со 200 мл кисела вода. Ставете ги врз кората со пишкотите.
3. Врз овој слој наредете ги малините.
4. Повторно изматете 300 грама шлаг со 200 мл кисела вода и додадете го кремот. Сипете ја смесата врз малините.
5. На крајот изматете ги преостанатите 200 грама шлаг со 100 мл кисела вода и премачкајте ја целата торта со смесата.
Совет: Наместо малини можете да ставите и друго овошје, а киселата вода можете да ја замените со млеко.
KafePauza.mk