Ако возите денес прочитајте – Сообраќајот кај Демир Капија се пренасочен


На регионалниот пат Р-2137 пред Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над 5тона) сообраќајот ќе се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137, делница Демир Капија – Корешница – Војшанци.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.avtopat znaci mk

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, но имајќи го предвид завршувањето на продолжениот викенд за Велигденските празници во попладневните часови се очекува зголемена фреквенција на патните правци кои водат од туристичките центри.

На граничните премини, исто така, во раните утрински часови нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движењето и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

На патниот правец А1 автопат Велес – Скопје пред наплатната станица Отовица ќе се извршуваат градежни работи на пат – изградба на краци за приклучување и исклучување на автопатот. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и се препорачува крајно внимателно управување со возилата, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

На патниот правец Катланово-Велес, воведена е времена измена на режим на сообраќај поради изведување на градежни работи, односно осветлување на тунелите Солиште и Бел Камен. Сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента за што е поставена соодветна сигнализација.

Поради продолжување на градежните работи на делот од трасата на патниот правец А3 Битола – Макази и добиеното одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, пренасочувањето на сообраќајот од бензинската пумпа на „Лукоил“ до клучката за с. Ротино и натаму продолжува со важност.

Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот ќе се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.

Времена измена на режим на сообраќај има и на магистралниот пат A3б/A4е, делница Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 15.01.2016 година од 08:00 – 16:00 часот ќе се вршат геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено ќе се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од клучка Штип до Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето ќе се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1