Ако возот ви задоцни, ви следува отштета


Европскиот суд во Стразбур деновиве донесе одлука дека сите железници од земјите-членки на Европската Унија на патниците мора да им исплатат отштета ако возот задоцни, пишува Дневник.

Voz_dizel_800pxИ македонските патници законски имаат можност за вакво обесштетување, но ова право засега е само на хартија, односно ќе стапи во сила кога земјава ќе влезе во ЕУ. Факт е дека ако Законот или судската одлука се имплементираат во пракса, нашите железници ќе треба да издвојат големи суми за обештетување на патниците, поради нивното често доцнење.

– Ако европските железници почнат да ги имплементираат европските директиви или одлуката на Европскиот суд, тврдам дека две третини од нив ќе банкротираат. Не е сјајна состојбата ни кај нив ни во нашата железница.  Нас сега не н` засега таа одлука, а за одредбите од законот кој е веќе донесен, побаравме и добивме одлагање додека земјава не влезе во ЕУ. – објаснуваат од Железници

Инаку, Одлуката на европскиот суд им наложува на европските железници дека мораат да им вратат на своите патници половина од цената на возниот билет дури и тогаш кога „виновник“ за доцнењето е виша сила, односно поплава, снег, земјотрес или технички дефект, штрајк и слично. Европскиот, а и македонскиот закон, предвидува патниците да добијат 25 отсто од износот на цената на возниот билет за доцнење на возот помеѓу 1 до 2 часа, а 50 отсто од цената на картата ќе добијат патниците што возот ќе ги однесе до саканата дестинација со задоцнување поголемо од два часа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1