Деведесет и девет проценти од населението продолжува да ги користи услугите на „WiFi“ и другите бежични уреди без двоумење, но се поголем број на луѓе имаат нарушени здраствени проблеми кои се поврзани токму со користењето на овие технологии. Дидиер Беленс е еден од овие луѓе. Но, она по што се разликува од останатите, е тоа што овој човек е сопственик на Белгаком, најголемата телекомуникациска компанија во Белгија.
Неговата загриженост е до тој степен дојдена што не само што се одлучил да не користи „WiFi“, на 27 кат од „Belgacom“, каде што се наоѓа неговата канцеларија, туку исто така одлучил да не користи воопшто мобилен телефон, а сите повици да ги презема од фиксна линија во канцеларијата.
Дали тој знае нешто што другите не знаат? Ќе помислите дека како претседател на „Belgacom“ Беленс може да избере да биде помалку вокален за неговите грижи околу користењето на „WiFi“ и мобилните телефони, но нема никакви проблеми околу едукацијата на другите за овие прашања, особено на помладата генерација.
Како што објаснува Беленс кога го користите „WiFi“ подобро да користите слушалки поради загревањето на „GSM“.
„Брановите се опасни, а ноќно време е подобро да го изгаснете вашиот мобилен“, вели Белем.
Дали ваквата радијација е опасна?
Беленс тврди дека може не прв поглед не изгледа толку опасно. Во почетокот на 2011 година, Светската здраствена организација класифицираше зрачења од уреди на мобилни телефони како „WiFi“ како можни предизвикувачи на карциноген.
Во 2007 година, Био иницијативната работна група, ги разгледа 30 годишните научни студии документирани био-ефекти и негативните здраствени ефекти од ова електромагнетно поле.
Групата заклучи дека постоечката јавна безбедност е несоодветна. Новобјавениот извештај во 2012 година од страна на 29 независни научници, од целиот свет, говори дека ситуацијата е далеку од полоша за разлика од 2007 година.
Постојат голем број на прашања околу употребата на мобилните телефони. Она што најмногу загрижува е појавата на туморите во мозоците Истражувањата покажале дека со користење на мобилните телефони во период од една деценија, дури за 30% се зголемува ризикот да добиете тумор на мозокот.
Нивото на емитување на радијација од „WiFi“ уредите се ниски, но проблемот е во природата на овие „ЕМFs“ пулсови, кои што претставуваат модулирани фреквенции кои можат да предизвикаат биолошко оштетување.
Низ годините на истражувањето доктор Магда Хавас, вонреден професор на студиите за животна средина и ресурси во Британија, откри кои заболувања се поврзани со користењето на мобилните телефони.
Главоболката, вртоглавицата, нерамнотежата, забрзувањето на отчукувањето на срцето, срцева аритмија, оштетени крвни клетки кои меѓу другото може да доведат до замор вкочанетост и гадење. Од изложеноста на „WiFi“ уредите можете да заболите од рак, да предизвика трајно оштетување на ДНК, да го компромира имунолошкиот систем и да влијае на спермата кај мажот.