Aктер убиен во центарот на градот


Словенечкиот глумец Гашпер Тич е убиен во својот стан во центарот на Љубљана, а осомничен е 20-годишно момче кое е уапсено од страна на полицијата.Полицијата ја продолжува истрагата и засега не открива детали за злосторството поради интересот на истрагата.

Словенечките медиуми, повикувајќи се на извори од истрагата пишуваат дека 20-годишниот осомничен сам се јавил во полиција и признал дека го убил глумецот. Според други извори пак, соседите пријавиле дека во станот на Тич има галама.

Мотивите за убиството засега не се познати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1