Холивудската актерка Миша Бартон беше итно хоспитализирана пред неколку дена и однесена на психијатрија, откако беше пронајдена како полугола вреска во дворот на куќата во којашто живее.
Меѓутоа, според најновите инфомации, актерката е пуштена од болница, а по повод оваа ситуација, им се обратила на своите обожаватели. Таа во соопштението за магазинот „Пипл“ објаснила дека била жртва на непознати лица кои ја дрогирале.
Инцидентот се случил при прославата на нејзиниот роденден на 25 јануари, а актерката во соопштението навела:
-Излегов со пријателите во средата вечер да го прославам мојот роденден. Додека го пиев пијалакот, сфатив дека нешто не е во ред со мене, бидејќи станав нестабилна, а таа состојба продолжи уште повеќе да се интензивира во наредните неколку часа. Доброволно побарав помош, а во болницата ми рекоа дека ми дале дрога ГХБ. Откако ја поминав ноќта таму, сега сум дома и се чувстввам добро – стои во соопштението.