Кенан Имирзалиоглу, турски актер кој се прослави со улогата Езел, е уапсен во голема акција на турската полиција поврзана со препродавање дрога.
Во рацијата, во која е уапсен и Кенан, приведени се околу 30 лица, а меѓу нив се и уште неколку турски актери. По лекарските прегледи, сите се приведени во истанбулската полиција во квартот Фатих.
Турската полиција осум месеци ја подготвувала акцијата и ги прислушкувала телефоните на дилерите.Актерот е уапсен во Истанбул, а рациите се извршени во Истанбул Анкара, Бодрум и Кушадаси, јави српски Курир.
Дилерите исто така набавувале марихуана и кокаин за познатите личности.