Активисти на косовското движење „Самоопределување“ во четвртокот во близина на Приштина превртеле камион кој превезувал производи од Србија за косовскиот пазар.
Според „Самоопределување“ ова е реакција и одговор на српските власти, кои деновиве на границата не дозволија во Србија да влезат 103 илјади книги за потребите на училиштата и учениците Албанци во Прешево, Медвеѓа и Бујановац. Во соопштението на „Самоопределување“ кое го пренесоа косовските медиуми се наведува дека во изминатите 16 години штетите што кои Србија му ги нанесува на Косово се големи и го користи Косово за економски профит.
Според „Самоопределување“, Србија не дозволува и понатаму да се изнесуваат книги и други материјали за образованието на учениците Албанци кои живеат во прешевската долина. „Самоопределување“ наведува дека овие акции ќе продолжат се додека Србија не дозволи реципроцитет со Косово.