Акција на МВР: Приведени лица кои врбувале за ИСИС и учествувале во паравоени формации во Сирија


МВР од рано утринава спроведува антитерористичка акција во неколку градови во државата за апсење членови на ИСИЛ

Акцијата е во насока за приведување на лица за кои постојат сомненија дека учествувале во паравоени формации во Сирија и во други региони каде има воени конфликти.apsenje lisici policija

Според првичните информации, приведени се и лица кои врбувале македонски државјани за да учествуваат во борбите во Сирија.

Акцијата и претресите се одвиваат во Скопје, Струга, Куманово, Тетово, Гостивар, а за финалната фаза се ангажирани специјалците на МВР. Претреси се извршени и во помошни простории на џамија во Скопје која подолг временски период не е под контрола на ИВЗ.

Подетални информации МВР најави во текот на денот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1