Начиниот на кој исчезнаа парите на штедачите од Кипар ги крена на нозе европските штедачи. Ова е класичен грабеж – кои смее моите пари да не ми ги даде да си ги земам или дотолку повеќе кој смее да ми зема од парите само затоа што на некој таму главуч му текнало од моите заработени пари да финансира нечии спас на луѓе кои трошеле додека јас сум работел – ова е коментарот на еден економисти од еврозоната кои по пат на интернет покренува цела една кампања за подигнување на гласот на штедачите.
,, Вадете си ги парите – во банка вашите пари не се ваши ,, е еден од најчестите коментари.
Според светските економисти случајот со Кипар е опасен преседан кои може да доведе до крах на банкарскиот систем. Негативните коментари ја натераа ЕУ да излезе дури и со официјално соопштение во кое вели дека планот за Кипар нема да биде пракса за решавање на финансиските проблеми на другите земји. Но Вашингтон пост пак речиси истовремено излезе со анализа во која вели ,, заборавете го Кипар тоа е стара вест – следна е Словенија,,
Планот за спас на Кипар нема да биде модел за решавање на проблемите во банкарскиот сектор во Европа, се наведува во официјалниот документ договорен од претставници на министертсвата за финансии од еврозоната. Техничкиот документ е изработен за земјите од Еврогрупата за разјаснување на одредбите од планот за спас на Кипар.
Германската влада смета дека мерките за спас на Кипар од финансиската криза не се пример за идни програми за спас на други земји. – Кипар е единствен случај, изјави денеска портпаролот на германската Влада Штефан Зајберт.
Според него одлуките донесени за Кипар, не треба да се препишуваат како можни програми за спас на други земји. Во овој случај стануваше збор за решавањена индивидуалните проблеми на Кипар.
Повеќето кипарски банки се финансираат со парите на штедачите, истакна Зајберт. Освен тоа даночната основа на оваа островска држава е исклучително слаба. Според тоа единствен модел за сите случаи нема, нагласи портпаролот на германската Влада.